Новости

Балкан

Протести во Албанија: Се бара намалување на цената на горивата

Голем број граѓани присуствуваа вчера на протестот пред Владата во Тирана организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата.

Протестот траеше повеќе од два часа, беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата.

-Бараме укинување на даноците бидејќи плаќаме 260 лека (122,2 лека =1 евро) за литар нафта. Се додека не се прифати нашето барање секојдневно во 17 часот ќе протестираме пред Владата, беше пораката од протестот, кој мина мирно.

Иронизираа и со изјава на министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балку која „ги посоветувала граѓаните да одат пеш или да користат велосипеди”.

Протести имаше и во други градови, со поголемо учество во Драч, каде со автомобили беа блокирани повеќе улици.

Евротип
SNBROKER
To Top