Новости

Балкан

Растат тензиите на Косово: Приштина тврди дека спречува шверц, Белград бара интервенција од НАТО

Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција е насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северниот и јужниот дел на Косовска Митровица.
Курти на својот Фејсбук профил напиша дека косовската полиција претпладнево пребарала неколку локации во Пеќ и Приштина и дека е запленета голема количина стока.
Тој потврди дека полициската акција е завршена и ги повика граѓаните во северниот дел од Косовска Митровица „да не потпаѓаат под влијание на медиумите во Србија“.
„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат сузбиени. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа”, напиша Курти.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пристигнал во касарната во Рашка, каде ја посетил единицата на Војската на Србија и полицијата.

Вучиќ на почетокот порачал дека отсекогаш барал решение кое не би го загрозувало целиот српски народ и Србија, како и дека цела Србија му помагала на Косово па денес во здравството има поголеми плати на северот отколку во Рашка.

Тој на почетокот ги замолил луѓето да се смират, да ги исклучат мобилните, да не го прекинуваат со аплаузи и свиркања, и дека ќе им каже што мисли и која е неговата конечна одлука. Претседателот на Србија потсетил дека тие не се тука да го поддржат него, туку дека сите се заедно заради прашањето со Косово.

-Ако почнат со насилство, заштитете го народот и ние ќе бидеме со вас. Бидете трпеливи, во Бриселскиот договор е нашиот спас затоа што тие нема да го исполнат… Не реагирајте со ненасилство ако почнат со насилство, заштитете го народот, а ние че бидеме со вас…Само имајте на вид колкава е цената која сите ќе мораме да ја платиме, заклучил Вучиќ.

Евротип
Евротип
To Top