Новости

Балкан

Рекордна инфлација од 14,4 отсто во Босна и Херцеговина

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата.

Според податоците на Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, цените на производите и услугите што се користат за лична потрошувачка пораснаа за 1,1 отсто во однос на април.

Храната и безалкохолните пијалоци во просек беа поскапи за 22,7 проценти, отколку во мај минатата година.

Алкохолните пијалоци и тутунот поскапеа за над 0,6 проценти, домување и режиски трошоци за 11,3, мебел, уреди за домаќинство и редовно одржување на стан за 8,1, здравството за 1,3, превозот за 30,3, а комуникациите за 0,8 отсто.

Цените за рекреација и култура пораснаа за 6,3 отсто, образованието за 0,7, рестораните и хотелите за 8,6, а останатите добра и услуги за 5,2 проценти.

Облеката и обувките во просек беа поевтини за пет отсто.

Евротип
SNBROKER
To Top