Новости

Балкан

Речиси 12 илјади македонски граѓани досега се вакцинирале во Врање

Вкупно 11.743 македонски граѓани се вакцинирани со првата доза од почетокот на вакцинацијата во Врање, а втората доза ја примиле 9.012 наши државјани, јави МИА од Белград, повикувајќи се на информации од порталот Врањењуз.

Според Здравствениот центар во Врање, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Македонија со првата доза е 11.743, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е шест граѓани.

Бројот на македонски граѓани кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.012 и седум државјани на БИХ.

Што се однесува до бројот на вакцинирани српски граѓани, првата доза ја примиле 27.781, додека со втора доза се вакцинирани 27.202 српски државјани.

Притоа најчесто била аплицирана кинеската вакцина Синофарм, вкупно 48.586 од кои 24.771 прва доза, а 23.815 втора доза. Потоа следува Фајзер, која е дадена во вкупно 20.995 случаи (првата доза 11.162, а втората 8.933), руската Спутник В е дадена во 6.255 дози (прва 3.149, а втора 3.106) и Астразенека аплицирана во 932 случаи (455 прва доза, и 477 втора доза).

За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесувал 334, а во неделата 247. Во неделата биле дадени најмногу вакцини на Фајзер – 33 прва и 117 втора доза. Кинескиот Синофарм аплициран е во 15 случаи (прва) и уште 82 (втора доза), а вакцините Спутник и Астразенека не биле дадени за време на викендот.

Кога станува збор за вакцинирање на македонските граѓани, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, македонски државјани биле 299, односно 89,5 отсто.

Евротип
SNBROKER
To Top