Новости

Балкан

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, започнаа 24-часовен генерален штрајк

Штрајкуваат вработените во државните болници , просветните работници во средните училишта, а новинарите од 11 до 13 часот ќе имаат двочасовен прекин со работа.

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, барајќи суштински мерки во справувањето на пандемијата, пренесе МИА.

Штрајкуваат вработените во државните болници , просветните работници во средните училишта, а новинарите од 11 до 13 часот ќе имаат двочасовен прекин со работа.Атина денеска е без метро и трамвај, бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, поради учеството во штрајкот на здруженија од грчката поморска федерација.

Генералниот штрајк е во време додека грција е во карантин, а од синдикатот на вработени во јавниот сектор, меѓу другото бараат, суштински мерки за заштита на здравјето на вработените на нивните работни места; вклучување на приватниот здравствен сектор во битката со пандемијата; вработување на неодредено време на медицински персонал; дополнителни вработувања во јавниот превоз, за да се зголеми возниот ред и да се намалат гужвите, како и зголемување на платите и враќање на 13 и 14-та плата за вработените во државниот сектор.

GOLD
To Top