Новости

Балкан

Словенија воведе 14 дневен карантин за граѓаните кои доаѓаат од Македонија

Словенечката Влада објави дека донела одлука оние кои доаѓаат од Македонија мораат да одат во задолжителен 14-дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.

– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14-дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

GOLD
To Top