Новости

Балкан

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез во земјата на границата со Италија, Австрија и Унгарија.

Влегувањето во Словенија од Австрија ќе биде можно преку четири големи гранични премини кои ќе бидат отворени 24 часа, а останатите ќе работи со скратено работно време, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс, додавајќи дека словенечката полиција ќе спроведе засилен надзор на контролните пунктови со Италија, Австрија и Унгарија.

Исто така, од понеделник, 15 март, оние што ќе влезат во Словенија како дневни или неделни работнички мигранти, ќе мора да покажат негативен тест за коронавирусот, не постар од седум дена, што досега не мораше да го сторат, и беа ослободени од задолжителен карантин.

Оние кои повремено ја преминуваат границата за да се грижат за други луѓе, странци кои имаат земјиште во Словенија, како и лица кои влегуваат за образование, исто така ќе мора да направат негативен тест за коронавирусот.

Сите овие категории досега беа ослободени од карантин или задолжително неделно тестирање.

GOLD
To Top