Новости

Балкан

Словенците од денеска може да бираат со која вакцина ќе се имунизираат

Словенците од денеска ќе можат да изберат со која вакцина ќе се имунизираат против ковид-19.

– Имаме доволно вакцини и веќе од понеделник, ќе може да се избира вакцина – изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша во говорот на конгресот на неговата Словенечка демократска партија (СДС). Клучната цел е да се постигне таква стапка на вакцинација што ќе обезбеди имунитет и нормален живот не само во лето, туку и во есен – рече Јанша, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

Во Словенија, се користат вакцините на „Модерна“ и „Фајзер“, како и „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

Според официјалните податоци, 28,2 проценти од населението во Словенија досега биле вакцинирани со дозите потребни за целосна имунизација, а 797.861 само со прва доза.

Евротип
Евротип
To Top