Новости

Балкан

Софија: Прогноза за загадувањето со суперкомпјутер

Со загадениот воздух и високото количество ПМ 10 честички се борат и соседните земји.

Според бугарските екперти, треба да постои нешто што ќе предупредува кога да се очекуваат максимални вредности. Решението на проблемот според нив е суперкомпјутер кој ќе дава информации за нивото на загадени честички на секои неколку часа, како резултат на кои се предвидува за наредните часови од денот.

Компјутерот дава прогнози за загадувањето на воздухот и е најмоќниот во Источна Европа. Во моментот тој ќе прави пресметки за Софија со одредена резолуција. За таа цел се потребни изворни податоци кои се земаат од меѓународни сајтови, како и сензори.

Супермашината „Авитохол“ е на 332-то место во топ 500 листата на најмоќните машини во светот. Покрај предвидувањета на загадениот воздух, тој може да дава информации во областа на заштитата на животната средина, климатските промени, развој на нанотехнологијата, нови лекови и др.

Најзагадени градови во Бугарија се Видин, Софија, Пловдив, Горна Орјаховица. Во главниот град Софија беа преземени неколку мерки со кои треба да се намали загадувањето на воздухот. Меѓу нив се проверка на исправноста на возилата, бесплатен градски превоз во деновите на енормно загадување, ограничување на движењето на лични автомобили и миење на улиците.

Извор: faktor.mk

GOLD
To Top