Новости

Балкан

СПЦ го избра новиот поглавар – Митрополитот Порфириј

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква денеска го избра Mитрополитот Порфириј за нов патријарх кој е е 46-от поглавар на СПЦ.

Веста за изборот на нов патријарх СПЦ ја објави на својата веб страница.

Според постапката, во потесниот избор за прв човек на Српската православна црква имало тројца кандидати кои добиле најмногу гласови на Собранието, а монахот Матеј извади плик со името на новиот патријарх од книгата на светите евангелија. СПЦ ја започна постапката за избор на нов патријарх, откако претходниот поглавар Иринеј почина во ноември како поледица од коронавирусот.

GOLD
To Top