Новости

Балкан

Србите од денеска може да се вакцинираат и без закажан термин

Во сите градови и општини во Србија од денеска пунктовите за вакцинација се отворени и за оние граѓани на државата кои не се пријавиле и немаат закажан термин. Тие ќе може да ја примат вакцината на „Синофарм“ или „Астра Зенека“.

Директорот на канцеларијата за е-управа, Михајло Јовановиќ за РТС изјавил дека граѓаните може да се вакцинираат без закажување на кој и да е од пунктовите, освен на големите како што е тој на Белградскиот саем со цел да не се создаде метеж.

Во Србија досега се употребени над 2,6 милиони вакцини од кои 1,1 се втора доза. Според оценката на Јовановиќ имунитет веќе имаат 810 000 граѓани со оглед дека поминале три недели откако примиле втора доза.

Во Србија се вакцинираа и околу 39 000 странци, најголем дел од Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

GOLD
To Top