Новости

Балкан

Србија ги отвори летните тераси, трговските центри остануваат затворени

Како дел од олеснувањето на мерките за борба против пандемијата, од вчера во Србија е дозволено отворање на терасите на угостителски објекти, а работното време е од 6 до 22 часот.

Епидемиолошките мерки за терасите на угостителските објекти вклучуваат максимум пет лица на иста маса, со задолжително растојание од два метра меѓу масите и носење маски.

Трговските центри, како и угостителите без тераси, и натаму остануваат затворени.

Мерката со која сите објекти мора да обезбедат растојание од најмалку девет квадратни метри по лице или посетител останува во сила.

Исклучок се фитнес клубовите, спортските сали и слични објекти, каде што задолжителна мерка е 16 квадратни метри по лице

GOLD
To Top