Новости

Балкан

Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата претседател

Специјалниот суд во Хаг го потврдил обвинението против Хашим Тачи, потврди претседателот на Косово на прес-конференција.

„Со цел да се заштити интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денес поднесувам оставка како претседател. Се чувствувам многу горд на оваа одговорност што ја сносив. Во овие нови околности, ги повикувам политичките сили да внимаваат да не навлегуваат во скапа или институционална криза. Земјата нема време за губење, мора да ја одржиме смиреноста“, рекол Тачи.

Обвинението против Тачи, Весели и девет припадници на ОВК беше поднесено од Специјализираното обвинителство до Специјализираните комори на Косово на 24 април, а шестмесечниот рок за негова потврда истече на 24 октомври.

GOLD
To Top