Новости

Балкан

Хорор во Загреб: Татко со голи раце си ги убил трите деца, потоа се обидел да си пресуди

Фото: screenshot 24sata

Три деца, седумгодишни близнаци, момче и девојче и четиригодишен син, синоќа ги задавил нивниот татко на таванот во Загреб, по што тој се застрелал, пренесува загрепски „Јутарњи лист“.

Според Јутарњи лист, убиецот преживеал и бил префрлен во болница, а телата на трите безживотни деца, ги шокирале сите надлежни кои биле на местото на ова злосторство без преседан.

Не е познато кој пријавил во полиција дека нешто се случило во станот на трикатната урбана вила со поткровје, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на лице место.

Во спалната соба го пронашле мртвото тело на четиригодишното дете на креветот, а близнаците, момче и девојче, во дневната соба каде се наоѓале нивните играчки, со кои си играле претходната вечер.

Како што неофицијално дознава Јутарњи, родителите на децата се развеле и децата најверојатно викендот го поминале со својот татко, кој ги задавил со рацете, а по тој чин, очигледно посегнал по оружјето и се обидел да си пресуди. Засега не е познато во каква состојба се наоѓа.

Полицијата спроведува истрага, а утрово телата на трите деца се пренесени во Институтот за судска медицина и криминологија, каде што обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.

Јутарњи пишува дека таткото на децата е искусен финансиски консултант и работел во некои водечки австриски лизинг компании, но бил и на менаџерски позиции во истакнати фирми.

Евротип
Евротип
To Top