Новости

Балкан

Хрватите започнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес во Загреб започнува масовно антигенско тестирање за коронавирус, чиј наод се добива за 15 минути.

Целта е да се тестираат околу 50.000 луѓе што е можно поскоро, пред се оние граѓани кои имаат клинички симптоми на Ковид-19, како и оние кои се во контакт со позитивни случаи, објави градската управа.

Тестирањето со антигенски брзи текстови е можно на 12 локации, објави хрватскиот портал „Индекс“.

GOLD
To Top