Новости

Балкан

Црна Гора ги отвори границите и за Македонија

Со процент од 21,60, Македонија влезе на ажурираната листа на држави од страна на црногорскиот Институт за јавно здравје за чии граѓани ќе бидат отворени границите од 1 јуни.

Црна Гора ги отвара своите граници од 1 јуни за граѓаните од сите држави во кои стапката на активни случаи на инфицирани од коронавирусот е помала од 25 на 100.000 жители.
Меѓу државите во регионот, на граѓаните на Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија и Словенија ќе им биде дозволено да влезат во Црна Гора.

Но, границита на Црна Гора сè уште се затворени за граѓаните на Србија, одлука која веќе неколку дена предизвикува остри реакции од официјален Белград.

GOLD
To Top