Новости

Балкан

Штрајкот на грчките земјоделци прекинат – Евзони отворен за сообраќај

Штрајкот на грчките земјоделци е прекинат. Граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила, информираше АМСМ.

Блокадата нанесе огромни штети по трансферот на стоки од пристаништето „Солун“.

Разврската уследи по состанокот со вицепремиерот Драгасакис. Фармерите не добија решение на повеќето барања, но Владата се обврза да достави до парламентот за гласање некои олеснувања во даночната и осигурителна програма во земјоделскиот сектор.

Реално грчките фармери немаат и време да продолжат со протестите, бидејќи започнува обработката на земјоделското земјиште. Тие веќе добија бенефиции за нанесените штети од тешката зима.

GOLD
To Top