Новости

Балкан

70 000 жители на Солун се евакуираат заради неексплодирана бомба од Втората светска војна

Повеќе од 70.000 луѓе ќе бидат евакуирани од Солун за да може да се деактивира неексплодирана бомба од Втората светска војна. Бомбата содржи повеќе од 250 килограм експлозив и беше пронајдена во северниот дел на градот за време на изведување инфраструктурни градежни работи на пат минатата недела. Бомбата е планирано да се деактивира утре.

Повеќе од 300 лица со инвалидитет и тешко подвижни пациенти беа евакуирани први со помош на 20 болнички возила.

Целосната евакуација на сите лица во радиус најмалку од 1,9 километри треба да биде готова до недела најдоцна до 8 часот.

Властите на градот изјавија дека досега во Грција не е пронајдена бомба од вакви размери и во толку населено место.

Целосната операција ќе трае 8 часа, но од војската се претпазливи и велат дека деактивирањето и преносот може да трае и до два дена.

Не е познато кој ја има исфрлено и кога паднала бомбата.

GOLD
To Top