Новости

Балкан

Black Weekends во хотелите во Солун

Кога сите имаат Black Friday, хотелите во Солун имаат не еден, туку два Black Weekends, соопштуваат од Сојузот на хотелиери на Солун најавувајќи ја нивната кампања за два викенди во јануари со попусти за посетителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Попустите се од 30 до 60 отсто во зависност од хотелот и се однесуваат на последните два викенди во јануари.

Од Сојузот на хотелиери на Солун, на крајот од ноември, кога беше актуелен Black Friday најавија дека за месецот кога во Грција се во тек зимските попусти, за викендите, престојот во хотелите во градот ќе биде по ниски цени за секој џеб.

Извор: МИА

GOLD
To Top