Новости

Балкан

Hападот врз амбасадорот Карлов беше терористички акт

Министерот за национална одбрана Фикри Ишик кој престојува во Москва изјави дека сосема сигурно ќе бидат откриени  средините кои стојат во позадината на атентатот врз рускиот амбасадор Карлов во Анкара.

Министерот Ишик во рамките на официјалниот разговор со својот домаќин министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу му изрази сочувство по повод трагичното убиство на амбасадорот Карлов.

Ишик рече дека нападот беше терористички акт и дека податоците до кои ке се дојде во текот на истрагата ќе бидат споделени со надлежните руски органи.

Осврнувајќи се на соработката со Русија во Сирија министерот Ишик истакна дека ставовите на двете земји за ситуацијата во Сирија и особено во Алепо ќе имаат голем придонес во понатамошниот развој на вкупните односи меѓу Турција и Русија.

trt.net.tr

GOLD
To Top