Новости

Битола инфо

Ќе се гради затворен базен во Битола

Општина Битола ќе добие затворен базен кој кон средината на оваа календарска година ќе почне да се гради во дворот на ОУ „Даме Груев“ во Битола. Ова денеска на прес конференција го соопшти Методија Илиевски координатор на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Битола.

-Овој проект треба да овозможи училишни рекреативни и спортски активности за тренинг, но и за натпревари од локален карактер во спортови на вода. Базенот пред сѐ ќе биде корисен за спортско рекреативни настани во делот на училишниот спорт, каде предност на користење ќе имаат основните и средните училишта, а во подоцнежните попладневни часови и граѓаните на Општина Битола ќе имаат право на користење. Базенот ќе биде со димензии 25 на 10 метри. Агенцијата за млади и спорт достави апликација до општина Битола за изградба на базенот, со што ја потврди цврстата соработка на локалната и централната власт, а добиениот проект е потврда за лобирање на локалната власт за добивање на значајни проекти во градот под Пелистер. Продолжуваме со вложување во развој на спортските објекти. Во оваа градежна сезона продолжуваме со интензивна градба на стадионот Под Тумбе кафе и сериозна санација на спортската сала Боро Чурлевски , рече Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата.

GOLD
To Top