Новости

Битола инфо

Ќе се гради заштитна ограда на oбиколницата над Битола

Јавното претпријатие за државни патишта согледувајќи ја потребата за поголема безбедност и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население потпиша договор за изградба на заштитна ограда на обиколница Битола.

ЈПДП изработи проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола и од вкупната должина на обиколницата (L=8 km), констатирано е дека има потреба за поставување на бариери на еден дел од обиколницата во должина од L=1,013 кm.

Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег.

Делницата на која е предвидено да се постават бариерите започнува пред почетокот на мостот до влезот на тунелот со тоа што на крајните делови ќе се постават ѕидови за да се спречи и поминување на пешаци.

Јавното претпријатие за државни патишта се грижи за учесниците во сообраќајот на начин што обезбедени услови на потребното ниво за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соодветно на категоријата на патот, како и заштита на населението од создавање на прекумерна бучава поради близината на нивните куќи до патот.

GOLD
To Top