Новости

Битола инфо

Ќе се истражува случајот со смртта на 34-годишниот битолчанец

Здравствениот инспекторат го истражува случајот со смртта на 34 годишен пациент од Битола, кој починал еден ден по отпуштање од битолската болница. На пациентот му била извршена претходно операција на колено, а семејството на социјалните мрежи обвини за лекарска грешка.

„По завршувањето на надзорот на здравствените инспектори, ќе се формира и комисија од специјалисти по што ќе треба да се утврди дали има лекарска грешка и пропуст во третманот на пациентите“ – изјави д-р Ирина Бухова, директор на Државен здраствен и санитарен инспекторат.

GOLD
To Top