Новости

Битола инфо

Џудо мајсторот Ѓуро Илиќ го претстави звањето 6 дан

Во Белград, македонскиот џудо мајстор Ѓуро Илиќ беше промовиран за џудо мајстор 6 Дан. Денеска на прес конференција раскажа за промоцијата.

-На барање на џудо федерацијата на Македонија се одржа мојата промоција за високи појаси – Данови која се одржа во Белград, во организација на џудо федерацијата на Србија. А веднаш ќе кажам зошто Србија, бидејќи џудо сојузот на Србија до сега беше надлежен за балканските простори, односно беше акредитиран од Интернационалната џудо федерација за доделување на високи појаси. Ние во Македонија имавме само до 5 Дан, меѓутоа со добивањето на 6 Дан, кој е веќе е едидентотан во ИЏФ, сега и ние како федерација ќе имаме право да доделуваве до 6 Дан, што е голем напредок во смисла на подигнување на нивото на џудо техниката и на тој начин ќе имаме постручни тренери, вели Илиќ, а за тоа како се одиваше самата промоција додаде:


-На самата промоција имаше околу 40-тина џудо мајстори. Од први до петти Дан имаше полагање пред Дан комисија, а додека од 6 до 9 се доделуваат по заслуги, иако се работи со изведување на ката. Лично за мене не беше побарано да изведувам ката, со оглед на тоа што зад мене имам девет книги и исто толку ДВД од областа на џудото и самоодбраната, а Дан комисијата едногласно одлучи да не изведувам ката, туку само да бидам промовиран во мајстор 6 Дан, како и мајсторите од странство, по еден за 7 и 9 Дан.

Промоцијата на Ѓуро Илиќ ја изврши големиот џудо мајстор 9 Дан од Србија, Славко Обадов, роден во Нови Сад, кој го прослави овој спорт во 1986 година на олимписко ниво, освојувајќи златен медал во Канада, за кој вели Илиќ му претставувало посебна чест.
Титулата 6 Дан е шлаг на тортата на прославата на 50 годишнината на џудо клубот Пелистер.

GOLD
To Top