Новости

Битола инфо

Акција за спасување куче во реката Драгор

Вчера околу пладне успешна спасувачка акција во коритото на реката Драгор, кај населбата Јени маале.

Младиот Драган забележал дека има куче во коритото на реката, очигледно беше дека не може да се снајде како да излези, а исто така не е познато и како се нашло долу.

Ја зеде скалата и се спушти во речното корито, веднаш до местото во близина на железничкиот мост.


Со храна се обиде да се спријатели со него и направи неколку обиди да го доведе до безбедно место од каде би било извлечено. Но, операцијата не беше лесна, барем во убедувањето дека тој е тука за да го спаси.

Беше побарана и помош од јавното комунално претпријатие Комуналец. Директорот испрати неколкумина вработени да помогнат во извлекувањето од користото.

Подоцна ни беше кажано дека и надлежниот од ова јавно претпријатие кој е задолжен за згрижување на кучињата со соодветна опрема помогнал во спасувањето на кучето.

Акцијата која таму се спроведуваше наиде на љупобитство кај минувачите, па секој со свој совет и размислување се обидуваа да помогнат.

Драган Талевски е личноста која  ја почна акцијата за спасување на ова куче. На крај се се заврши во најдобар ред и кучето беше извлечено од речното корито.

Извор: ТВ Тера

Evrotip
Евротип
To Top