Новости

Битола инфо

Ангела Каранфилова од Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ достојно ја претстави Битола во Португалија

На 19-та Интернационална ликовна колонија за млади – Евора 2018, Португалија која се одржа од 7-14 октомври, Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола беше претставено од страна 17-годишната ученичка Ангела Каранфилова заедно со менторот Елена Хаџи Антонова.

Оваа ликовна колонија е направена по теркот и идејата на Малиот битолски монмартр. Организаторот од Португалија за прв пат пред 20 години  беше во Битола учествувајќи со ученици на Малиот битолски монмартр и реши оваа идеја да ја реализира во Португалија. Оваа година во Португалија учествуаваа 10 екипи од светот, околу 50 деца, сликајќи ја тамошната архитектура. Оваа колонија има натпреварувачки карактер. Нашата претставничка Ангела Каранфилова прво на конкурсот за оваа колонија се здоби со златен медал, а студиото од Битола со учество на Колонијата.

Во тие седум дена во Португалија, Ангела достојно ја претстави Битола и Република Македонија и освои награда за најдобар индивидуален цртеж.

Ваква награда им беше доделена само на 5 учесници од вкупно 50 деца. Ангела, освен во Португалија, оваа година доживеа голем успех и на Ликовната колонија во Романија во јули 2018 каде се здоби со златен медал, награда за најдобро ликовно дело и учество на колонија.

Евротип
SNBROKER
To Top