Новости

Битола инфо

Баклава за битолчани – муфтиството ги почести за празникот Рамазан Бајрам

Во Старата битолска чаршија денеска се јадеше баклава. Припадниците на исламската вероисповед, но и случајните минувачи, граѓани на Битола можеа да се послужат со традиционалната бајрамска баклава и да ја изгаснат жедта со вода или сок. Ова го организираше битолското муфтиство по четврт пат со цел да го прослават Рамазан Бајрам заедно со сите граѓани на Битола и на тој начин да покажат дека Битола е градот на соживотот. Беа поделени вкупно 550 парчиња баклава.

На гости, на баклава кај битолскиот муфтија, Амит Расими дојде и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

 

 

GOLD
To Top