Новости

Битола инфо

Бесплатна помош за наставниците и професорите нуди д-р Николче Шулевски, доктор на науки по онлајн учење

Ви ги пренесуваме советите од д-р Николче Шулевски, доктор на науки по онлајн учење:

„Во овие тешки времиња, кога нашите училишта и факултети се затворени и мораме да бидеме сите дома, со цел да го спречиме ширењето на корона вирусот, немаме друго решение, освен наставата во сите образовни институции да премине во онлајн настава.

Јас, д-р Николче Шулевски, како долгогодишен наставник во повеќе основни и средни училишта во Битола, во овие тешки времиња нудам бесплатно помош за сите наставници и професори, користејќи ги платформите Facebook и Youtube.

Искуството со онлајн учењето го стекнав од 2012 год. со истражување за онлајн учењето во наставата во рамките на мојот магистерски труд на тема „Примена на компјутерите во наставата по германски јазик“. во периодот од 2012 год. па и денес, секојдневно ја применувам онлајн наставата, постојано се надоградував посетувајќи голем број на семинари за онлајн учење, во земјава, во странство и онлајн. Престојував 10 месеци во Хајделберг, Германија, каде имав можност теоретски и практично да се запознам со многу онлајн алатки и можности за изведување на онлајн настава. Од 2015 год. сум претседател на Здружението МУДЛ Македонија, кое претставува здружение, единствено од ваков вид во нашата земја. Преку ова здружение, членовите имаат можност постојано да се обучуваат, да учествуваат на семинари, конференции и работичници, во земјата и во странство.

Од 2014 год. до 2018 год. работев на истражувањето за мојата докторска дисертација на тема: „Усвојување на германскиот јазик како странски јазик со помош на платформата МУДЛ и други софтвери“ во наставата. Истражувањето се одвиваше во повеќе образовни институции во Битола и тоа: СОЕУ „Јане Сандански“, Бизнис академија „Смилевски“ и Училиштето за германски јазик „Делфин“, каде 2 учебни години изведував исклучиво само онлајн настава, со примена на платформата МУДЛ, помошните програми за предавање Net Support School и Italc  и секако конференцискиот сервис ЗУМ.

Со ова истражување, во СОЕУ Јане Сандански Битола, беше основана првата МУДЛ училница во РМ, одобрена од МОН и БРО на РМ.

Со истражувањето се докажа дека, онлајн учењето е целосно применливо во наставата, тоа е ефиктивно, модерно, делува поттикнувачки, мотивира, а со тоа се постигнуваат и подобри резултати во учењето.

Оттука, по ова истражување одлучив, наставата во Училиштето за германски јазик Делфин од Битола, да премине исклучиво на онлајн настава, која се применува и до ден денес. Тука постојано се користат следните алатки: платформата МУДЛ, помошната програма за предавање Net Support School и секако конференцискиот сервис ЗУМ.

Конференциски сервис ЗУМ го користиме од 2015 год. Тој е одлична алатка, преку која може да се изведува онлајн настава. Овозможува аудио и видео контакт со учениците / студентите, прикажување на екранот на професорот према учениците и обратно, прикажување на сите видови на електронски датотеки, како што се пдф и ППТ, датотеки, видео материјали, аудио датотеки и сл. Нуди бела табла, на која професорот може да пишува, потенцира, црта, бои и сл. Со други зборови оваа онлајн алатка е целосно применлива во наставата, лесна за инсталирање и може да се користи од десктоп или лаптоп компјутер, како и на мобилен телефон со интернет конекција.

Самата компанија ZOOM (zoom.um), нуди бесплатно користење на својот софтвер за секога, со ограничување до 40 мин., додека за училишта, до 12 клас, на барање, одобруваат бесплатно користење, неограничено до 100 корисници. Линк до објавата: https://www.forbes.com/sites/alexkonrad/2020/03/13/zoom-video-coronavirus-eric-yuan-schools/?fbclid=IwAR3voGP1L51x9noSbdXlfc9jhhThdy5Pz0sLzdI4Nmhp0mDqN00-RI_GPik#e0837544e714

Мој придонес во ова време, кога владее пандемија на корона вирусот, е изработување на видео упатства, кои се јавно споделени на Facebook и Youtube,  и истите можат да ги гледаат сите наставници, професори и ученици, со цел да се продолжи веднаш со наставата. Интересот за овие видеа е многу голем и може да се измери преку прегледите, и тоа:

  1. упатство за користење на ZOOM за професори = 6.552 прегледи

https://www.youtube.com/watch?v=ks9-gCMbRi4&t=115s

  1. ZOOM упатство за користење за ученици и студенти = 9.456 прегледи

https://www.youtube.com/watch?v=B1RU7gbkpNA&t=88s

  1. Zoom упатство за користење за андроид

https://www.youtube.com/watch?v=hSVGBT524cQ

Дополнително на овие видеа, изработив и ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ за наставниците и професорите

https://www.youtube.com/watch?v=NYGstRlzbVg&t=15s

Конференцискиот сервис ЗУМ, веќе активно се користи од страна на повеќе училишта во нашата земја. Овде би ги издвоил ОУ „Кирил и Методиј“, ОУ „Тодор Ангелески“ и многу други.

Освен оваа алатка за аудио и видео комуникација со учениците / студентите, ја предлагам и платформата за електронско учење МУДЛ, која е најраспространета платформа за онлајн учење во светот. Таа овозможува комплетна онлајн настава, која во комбинација со на пример, конференцискиот сервис ЗУМ, може целосно да ја замени класичната настава.

Платформата МУДЛ претставува алатка за организирање на наставата, по групи, класови и курсеви. Овде се поставуваат предметите, ресурсите за учење. МУДЛ овозможува поставување на материјали за учење (слики, видеа, датотеки во сите формати, вежби, работилници, училишни и домашни задачи, поставување на квизови, спроведување на тестови и сл.). Платформата е од затворен тип, што значи, овде може да се следи учењето на учениците. Таа автоматски оценува, корегира и дава целокупна слика за успехот на ученикот.

За примена на оваа платформа во наставата, потребни се подготовки и обуки, и за наставниците и за учениците.

Повеќе информации за платформата на следниот линк: www.moodle.org

во прилог Ви доставувам и линк од веб страницата Tech against Coronavirus, каде сепоставени сите можни алатки, софтвери, кои би биле корисни за онлајн настава, во сите облици. Колекција од 449 апликации.

https://techagainstcoronavirus.com/all

GOLD
To Top