Новости

Битола инфо

Бидете хумани и посетете ја „Куќичката на Дедо Мраз“

Приказна која се раскажува веќе шестта година во нашиот град, традицијата продолжувa, oд 24 – 30.12.2018 година, во дрвената куќарка кај Саат Кулата.
По шестти пат е организирана хуманитарната акција „Куќичката на Дедо Мраз“!
Акцијата е веќе во тек ,посетете ја куќарката и учествувајте во хуманитарната акција која вклучува собирање на нерасиплива храна, средствта за домаќинство, детски играчки, облека…А воедно фотографирајте се со Дедо Мраз и со секоја фотографија директно донирајте за социјално загрозени семејства.
Да покажеме хуманост! Во празничните денови кои што следат, да предизвикаме радост кај оние, на кои им е помошта најмногу потребна.

GOLD
To Top