Новости

Битола инфо

Билтен на СВР Битола

На 06.09.2019 околу 12,00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од с.Ротино – с.Кажани,битолско, без траги на насилство бил пронајден починат Д.К.(59) од с.Цапари, а во близина билопронајдено и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ во негова сопственост. Одлекар од итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 06.09.2019. во 19.20 часот во СВР Битола Ж.Ѓ.(40) од Битола пријавил дека на 05.09.2019 во 07.55 часот во маркет на улица,,Павел Шатев’’ П.П.(53) од Битола физички го нападнал нејзиниот 13 годишен син. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2019 во 23,34 часот во СВР Битола,М.Ѓ.(37) од Битола пријавил дека истиот ден околу 22,50 часот во близина на угостителски објект на улица,,Београдска’’ по претходна расправија бил физички нападнат од И.Г.(37) од Битола.Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top