Новости

Битола инфо

Битола обеле – падна првиот снег сезонава

Некаде после 7 часот утрово во Битола почна да паѓа снег, а на покривите на куќите и околните ридови веќе се формира тенка снежна покривка.

После долгата и сончева есен со невообичаено повисоки температури, снегот го најави доаѓањето на зимата.

Моменталната температура во Битола изнесува 2 степени.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

GOLD
GoldSlot
To Top