Новости

Битола инфо

„Битола си споменува“ – перформанс посветен на битолските Евреи

Утре, 9 август, на плоштадот Магнолија во Битола со почеток од 19:30 часот ќе се одржи заеднички перформанс на младите волонтери од Р.Македонија и Р.Германија кои се дел Третиот меѓународен волотерски камп „Меморијален парк на Евреите од Монастир/Битола.
Ова е завршна манифестација од меѓународниот младински волонерски камп, на кој учествуваа дваесет и пет учесници од Германија и дваесетина од Македонија, кои  заедно работеа на расчистување на теренот на Еврејските гробишта во Битола. Истите  важат за најстари и најсочувани еврејски гробишта на Балканот. Ова е прва фаза од проектот за изградба на „Меморијален парк на Евреите од Монастир/Битола“, кој ќе го возобнови сеќавањето и почита кон нашите сограѓани битолските евреи, на еден автентичен мултимедијален начин …
За време на својот престој младите волонтери од двете земји, поминаа заедничко време во работа , дружење ,дебати, дискусии на теми значајни за младите и двете земји,  но и во запознавање на Македонија и нашите културно – историско знаменитости како манастирите Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, Св.Јован Претеча- Слепче, Биљотеката Ал-Би Бабино, Вевчани, Струга , Охрид, и секако убавините на Пелистер и Преспа…
​​Со перформансот „Битола се споменува“ од која ќе се испрати порака за мир, помирување и сеќавање на жртвте на холокаустот, Битола, ја искажува својата почит и сеќавање кон своите сограѓани битолските Евреи…
GOLD
To Top