Новости

Битола инфо

Битолската полиција со контрола на јавниот превоз на патници

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 29 ноември во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведоа засилена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле  контролирани 89 автобуси или други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 54 биле упатени на технички преглед, при што кај четири биле констатирани неисправности. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

GOLD
To Top