Новости

Битола инфо

Битолскиот хор „Стив Наумов“ освои бронзен медал во Босна и Херцеговина

Мешаниот хор во состав на КУД „Стив Наумов“ – Битола освои трета награда и бронзен медал на 18. Меѓународен фестивал на хорови „Златна вила“ што се одржа во градот Приједор во Босна и Херцеговина.

Високото фестивалско признание е освоено во голема конкуренција на хорови од Романија, Србија, Русија, Босна и Херцеговина, Чешка, Хрватска, Полска, а мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“-Битола беше единствен претставник од Македонија, вели диригентот на хорот Љубомир Трифуновски.

– Меѓународниот фестивал на хорови во Приједор е со голем квалитет и со натпреварувачки карактер. Дел од хоровите работаат во состав на националните академии и благодарение на учеството на фестивалот воспоставивме директна соработка. На Фестивалот исполнивме хорски композиции според однапред препорачана програма, односно песни од 16-ти до 19 век и композиции по слободен избор. Настапите ги следеше меѓународно жири кое нам ни ја додели третата награда и бронзениот медал, изјави Трифуновски.

Организацискиот одбор на фестивалот на диригентот Љубомир Трифуновски му додели посебна награда – фестивалска Повелба.

cooltura.mk

Студирајте на БАС
To Top