Новости

Битола инфо

Битолските ученици засадуваа садници

Четири битолски основни училишта ја јакнат свеста за заштита на животната средина, преку одбележување на Envirate Week, во соработка со Општина Битола и јавното претпријатие „Комуналец“.

Така, денес во дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Битола,  децата од училиштето засадуваа садници од видовите Evonimus japonica,Tyja brabant  и Juniperus ritinospora. Директорката на училиштето Гордана Анастасова истакна дека посебна радост за децата е тоа што тие се запознале со видот на засадените садници и дознале нешто повеќе за нив и за нивното одржување, од страна на директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Изминатите денови, истата акција се спроведуваше и во основните училишта „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ и „Коле Канински“. Засадувањето садници, грижата за нивното одржување, како и севкупно за животната средина, мора да се изучува од мали нозе, а дополнително преку вакви акции, да се применува во воспитно-образовниот процес, е заклучокот на раководните лица на училиштата кои учествуваат во оваа глобална кампања.

Акцијата се спроведуваше од 6 март до 13 март, со што училиштата стануваат дел од глобална мрежа на училишта и веб-заедница за одржлив развој Environment online. Оваа глобална мрежа е формирана во Финска, а во неа учествуваат над 10.000 училишта од 150 држави во светот.

 

 

GOLD
To Top