Новости

Битола инфо

Битолчанец зел кредит од 1,7 милиони евра заложувајќи веќе конфискуван имот

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Битола  поднесе кривична пријава против 61-годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ,,Измама при добивање кредит или друга поволност“ предвидено по член 249 став 1 од КЗ. Имено, од страна на  пријавениот крајот на 2015 година со намера за себе да прибави поволност согласно Законот за приватизација на градежно земјиште, односно  да откупи градежно земјиште по повластена цена од 1 евро за 1м2 , врз основ на објекти кои ги поседувал, на органот со кој се договарал со непосредна спогодба му приложил невистинити и нецелосни податоци. Пријавителот не информирал дека објектите кои ги поседувал се во  постапка за конфискација  со Пресуда од Основен суд Велес, со што ја довел во заблуда Општина Штип, при што му било издадено Решение за приватизација на градежно земјиште и на тој начин овозможувајки му на пријавениот истото да го купи по повластена цена од 3.068.025 денари, иако без оваа поволност цената на градежно земјиште е 25.076.156 денари или 407.742 евра. Пријавениот со намера за себе да прибави кредит од банка приложил невистинити и нецелосни податоци,  на тој начин што како залог во корист на банката приложил  сопствен недвижен имот,  притоа прикривајки го фактот дека со правосилна судска одлука имотот требало да се конфискува при што  во текот на август минатата година бил солемнизиран Договор за кредит врз основа на наведениот недвижен имот кој е предмет на конфискација и притоа му го одобрат истиот во висина од 106.087.500 денари или  1.725.000 евра.

GOLD
To Top