Новости

Битола инфо

Битолчанец купил пиштол од лице од Косово без да поседува дозвола – заработи кривична пријава

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Л. (35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “.  Во декември 2016 година пријавениот, без да поседува дозвола од лице од Косово, неовластено купил пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 7,65 мм. со рамка со седум куршуми калибар 7,65мм. Од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот и при извршен преглед му било пронајдено и одземено наведеното оружје.

Евротип
SNBROKER
To Top