Новости

Битола инфо

Битолчанец паднал од покрив на куќа додека изведувал лимарски работи – со тешки повреди пренесен на болница

На 05.02.2019 година во СВР Битола било пријавено дека околу 09.30 часот на улица „Новосадска“ во Битола, при изведување на лимарски работи на кров од куќа, К.Џ(33) од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top