Новости

Битола инфо

Битолчани дивееле на улиците – летаа казни за возачите

На 07.02.2019 година, полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле сообраќајна контрола при што биле контролирани 371 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 32 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, девет возачи управувале без возачка дозвола, кај двајца возачи е  откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Исто така едно возило било технички неисправно и е испратено на технички преглед.

За неправилно паркирање издадени се петнаесет мандатни налози, а писмено опоменати се 12 возачи. На 65 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 26 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 29 видови прекршоци.

GOLD
To Top