Новости

Битола инфо

Битолчанката Ивона Марковска -Нона со нова книга и промоција на „Аурора“

Денес, (петок 10.05.2019) на Саемот за книга се одржува и првата промоција на книгата „Аурора“ на битолчанката Ивона Марковска – Нона.

Потпишувањето се одвива од 11-15 часот на штандот на Култура. Промоцијата за во Битола е закажана на 22.05.2019 од 17:00 часот во малата сала на Домот за Култура.

Ивона Марковска – Нона е родена во Битола, а на свои 8 години започнала да ја пишува својата прва книга „Пронаоѓање“ која е издадена во три тиражи, ова е нејзина втора книга, а работи и на пишување колумни и поеми.

Низ перото на, само шеснаесетгодишната, Нона ги допираме најдалечните констелации на емоциите, кои на ваков начин може да ги преточи само едно искрено срце.

Една глува, празна ноќ е виновна за сè. Таа ги помести сите коцки, ја измеша целата сложувалка и ја остави Аурора да копнее, да тагува, и сè што гледаше од прозорецот на својата соба да биде град со ќуќи од карти, црни сенки, а низ крвта да и тече отровот на болката.

Аурора е фикција за млади, проследена со романса. Во текот на делото има голем број на заплети и расплети, кои го поврзуваат минатото и сегашноста. Приказна која зборува за секојдневието со кое се среќаваат младите, последиците од кажаните лаги, приказна која ќе поврзе два различни светови, ќе спои и ќе раздели две срца, и ќе ја докаже моќта на другарството.


Имено, книгата е достапна на саемот на книга со саемски попуст, на официјалната веб страна на Култура (www.kultura.com.mk) и во книжарниците на Култура.

Рецензија од Култура:

Љубовта е единствената нишка која може да поврзе различни светови, да ги излекува сите срца и да
победи сè!

Рецензија од Милана Митовска, автор на Јас ќе бидам поет, а ти мојата Поесиа:
-Несекојдневно, екстравагантно, а истовремено толку елегантно… неверојатна фикција измешана со трагови од реалноста, успевајќи да биде супериорна забава, а истовремено и приказ на вистинскиот живот на денешната младина.

Рецензија од Моника Диитриоска автор на „Жива меѓу мртвите“:
-“Аурора” е невообичаена животна приказна која ќе ве натера да гледате на животот на еден невообичаен, но сепак подобар начин. Ќе ве научи како да не се откажувате од тоа што ги сакате без разлика колку истото делува недостижно. Светот нема потреба од кукавици. Такви ги има и повеќе од доволно. Но, има потреба од јунаци кои ќе веруваат во себе и во своите соништа. Јунаци кои ќе ги научат останатите како да бидат светлината во мракот, среќата во тагата, љубовта во омразата, добрината во злобата, како што и самата авторка опишува на крајот. И најважно од се, како да бидат херои на својата приказна.

 

Евротип
SNBROKER
To Top