Новости

Битола инфо

Боемски четврток во СН Бар и Ресторан со вкусна храна и одлична забава

Вчера, на 18.07.2019 граѓаните имаа можност да се забавуваат на боемски Четврток со незаменливата битолска група Боеми во СН Бар и Ресторан. Пријатната атмосфера и одличната храна придонесоа за задоволството и уживањето на гостите.

СН Бар и Ресторан е еден од рестораните кои придонесуваат за зачувување на боемскиот дух на Битолчани. Овој ресторан најавува уште многу вакви настани за сечиј вкус.

На 15 Август СН Бар и Ресторан го најавува големиот Боемски Четврток каде што се поканети сите љубители на квалитетната музика и необични специјалитети.

СН Бар и Ресторан се наоѓа во склоп СН Сообраќаен Центар со капацитет од 150 гости кој е погоден за бизнис ручеци, семејни прослави како и уникатни забави со музика во живо. Исто така има одличен амбиент за одмор и релаксирање од секојдневните обврски. СН Бар и Ресторан се фокусира на обезбедувањето на високо квалитетна услуга.

Денес ресторанот ќе работи до 18 часот поради приватна забава, а утре, повелете на македонски евергрини со Бон Тон со почеток од 21:00 часот.

Доколку сеуште не сте го посетиле СН Бар и Ресторан, повелете вкусете го богатото мени приготвено со многу љубов.

 

GOLD
To Top