Новости

Битола инфо

Божиќен концерт во Католичката црква во Битола

По повод Божиќните празнициКатоличка црква „Пресвето Срце Исусово“ и Заедница на хрвати од Р. Македонија – Огранок Битола вчера (26.12.2018.) организираа традиционален Божиќен концерт.
Младински женски хор КУД „Стив Нумов“ предводен од маестро Љубо Трифуновски, пред преполна црква ги изведоа божиќните песни од западниот и источниот обред, како и божиќни песни од другите народи. Како дел од програмата беа и изведби на учениците од Државно Музичко училиште од Битола на хармоника и виола, како и пригоден рецитал на духовна поезија.

„Дон Паво Шекерија, жупник на битолската црква, им се обрати на верниците со пригодни зборови кои изразуваа радост на празнувањето на божиќните празници повикувајќи ги сите присутни да во љубовта и вера на Христа ги празнуваат божиќните празници од источниот и западен обред, ширејќи при тоа мир, љубов и толеранција. Битолчаните веќе традиционално доаѓат на Божиќниот Концерт, а оваа година беше присутна и градоначалница Наташа Петровска, и други гости. По завршувањето на концертот сите беа поканети на дружење пред црквата со топли напитоци и традиционални божиќни колачи“, рече Јелена Петровска, Заедница на Хрвати во Р. Македонија – Огранок Битола.

GOLD
To Top