Новости

Битола инфо

Бригадирите кои пред 40 години го градеа „Стрежево“ во Битола ќе бараат да има младински бригади

По повод 40 години (1979 – 2019) Здружението за доброволно младинско работно ангажирање “Волонтери – Пелистер“,  ќе биде домаќин на бригадири од цела Македонија кои учествуваа во Младинската работна акција “Стрежево“ во 1979 година.

Одбележувањето започнува утре, додека за в сабота е закажана посета на браната на езерото „Стрежево“ и запознавање со основните податоци за хидро-системот. Планирано е засадување на дрво во паркот на акцијашите околу езерото, како и посета на Бригадирската населба во Ниже Поле. Ќе се посети и изложбата во Завод и музеј Битола во која ќе бидат изложени фотографии и материјали од бригадирскиот живот.

Тие денеска истакнаа дека се оптимисти дека бригадирството и организирањето работни акции повторно може да заживее.

Овие бригадири, вклучени во своите бригади од цела поранешна Југославија, пред 40 години беа вклучени во изградбата на Браната “Стрежево“, и каналите кои донесуваат вода во вештачкото езеро “Стрежево“, а сето тоа се градело со несебична помош до 1981 година.

 

По повод одбележувањето на 40 годишнината од формирањето на младинското работно ангажирање „Стрежево“, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес имаше средба со првиот претседател на општинската конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија – Битола, Душко Јанкуловски.

Градоначалничката Петровска, им даде посебно признание за нивната ангажираност во изградбата на ХС Стрежево, како и нивното младинско работно ангажирање за изградбата на „Пат на младоста“.

 

GOLD
To Top