Новости

Битола инфо

Бројни активности во битолската библиотека по повод пристигнувањето на пролетта

По повод пристигнувањето на пролетта и месецот на екологијата, Библиотеката и основните училишта од општина Битола во текот на идниот период ќе  реализираат повеќе активности.

По повод 19 Март – светскиот ден на ластовичките и  22 март – светскиот ден на водите,  на ден 19.03.2018 година (понеделник), со почеток во 12 часот во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола,   ќе биде поставена тематска изложба на тема „Вода“ подготвена од учениците од   ОУ „Коле Канински“ – Битола и рецитирање на песнички за ластовичките.

Исто така ќе биде промовиран и поставен Еко кодексот  кој е подготвен од страна на учениците од ОУ „Климент Охридски“ – Битола.

Активностите  се под менторство на наставничките Снежана Стојанова, Соња Петровска, Весна Баковска и Соња Лекоска.

На ден 22.03.2018 година(четврток), со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката, учениците од ОУ “Даме Груев“ – Битола и наставникот Митко Јанески ќе постават упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот итн.  Упатствата ќе бидат истакнати на соодветни места во просториите на Библиотеката.

На ден 23.03.2018 година (петок) со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката, во рамките на активностите  ќе биде одбележан Светскиот ден на метеорологијата со изведба на драматизација и читање пораки. Активностите се  под менторство на наставничката Гордана Гошевска.

Целите за одржив развој на Обединетите Нации претставуваат глобален договор на човештвото за иднината и постоењето на човештвото на Планетата Земја.

Сите држави на Планетата, организации, институции, поединци имаат одговорност пред сегашните и идните генерации да превземат мерки и да делуваат кон зачувување на рамнотежата, а со тоа и опстанокот на човештвото на Планетата Земја.

GOLD
To Top