Новости

Битола инфо

Бројот на лица заболени од грип оваа сезона во Битола е намален

За 25 % е намален бројот на заболени лица од грип во Битола споредбено со истиот период од минатата година, вели специјалистот по епидемиологија при Центарот за јавно здрвје во Битола м-р д-р.Светлана Поповска Кљусева и потенцира дека со ваквата статистика Битола се наоѓа во вон сензонска активност на вирусот на грипот.

-Пријавувањето на грип преку групна пријава на грип започнува од 40 недела до 20 недела следната година.Во Битола од 40 та до 02 недела има пријавено 30 лица со клиничка слика на грип. Во споредба со минатата сезона, во истиот период има пријавено 41 лице, што значи бројот на заболени лица оваа сезона е намален за 25 %.На ниво на држава, во сезоната 2019/20 вкупниот број на случаи на грип изнесува 1035. Во истиот период од минатата сезона, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 27%, а во однос на последните 9 сезони, се регистрира намалување за 51%.Малиот број на случаи на случаи на заболувања, кој е под неделната граница за сезонска активност, одат во прилог на НИСКА односно ВОН СЕЗОНСКА активност на вирусот на грип на територијата на држава и во Битола, вели м-р д-р. Светлана Поповска Кљусева, специјалист по епидемиологија при Центарот за Јавно здрвје во Битола.

Епидемиолозите очекуваат бројот на заразени да се зголеми со стартот на второто полугодие, односно кон крајот на месец јануари и почетокот на месец февруари. Минатата сезона 70% од заболените лица биле пријавени во текот на месец февруари. Како најефикасна мерка за заштита се препорачува вакцинацијата.

За сезоната 2019/2020, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 2780 дози за територијата на Центар за јавно здравје- Битола (за Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) наменети за приоритетни групи население: за деца на возраст од 6 месеци до 5 години, за лица над 65 годишна возраст, лица со хронични заболувања и бремени жени во било кој период од бременоста, како и за здравствени работници. Дополнителни 3000 дози вакцина се набавени од страна на Центар за јавно здравје-Битола, како комерцијални вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи.Заклучно со 14.01.2020 година вакцинирани се 4821 лице на територијата на Центар за јавно здравје- Битола, од кои 2745 бесплатни и 2076 комерцијални вакцини.
извор: ТВ Тера

GOLD
To Top