Новости

Битола инфо

ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите на листи – Дурловски носител во петката

Универзитетската профеорка Гордана Силјановска Давкова ќе биде носителна пратеничката листа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, а оперскиот пејач Игор Дурловски во петта ИЕ. Покрај овие две натпартиски решенија Централниот комитет вечерва утврдил носители на изборни листи во ИЕ 2 да биде партискиот потпретседател Владо Мисјаловски, во ИЕ 3 генералниот секретар Игор Јанушев, во четвртата Александар Николовски, а во 6ИЕ пратеничката Дафина Стојановска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоски по седницата на ЦК информираше дека над 95 проценти од кандидатите првпат се на листите. На сцена, како што рече, даваат шанси на нови кадри. Одбравме луѓе кои ќе ја донесат историски најголемата победа на следните парламентгарни избори.

Инаку, во петтата изборна едници на листата за кандидати за пратеници од Битола се Силвана Ангелевска под реден број три, на шесто место е Олга Лозановска, на 12 место Бојан Бојковски од Битола.

На второто место на листата за петката е и Антонио Милошоски.

GOLD
To Top