Новости

Битола инфо

Вечерва премиера на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd во Битола

Безвременските звуци на Pink Floyd, групата чија музика одбележа цели генерации и остави длабок печат во нивната музичка наобразба, но и погледот кон светот, вечерва пристигнуваат во градот на Конзулите.

Во изведба на група од 11 одлични музичари, кои заедно настапуваат како NUMB – Tribute to Pink Floyd, публиката ќе има можност да слушне 16 хитови на неповторливите Pink Floyd. Настапот ќе биде пропратен и со фантастичен звук, но и посебно видео и лајт шоу.

Музиката на Pink Floyd за многумина е преголем залак, но оваа охридско-струшка „музичка банда“ на претходните настапи докажа дека сосема солидно може да се носи и со еден ваков сериозен предизвик.

https://www.youtube.com/watch?v=QqCTWvRa6VI&t=2924s

Зад проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

Концертот започнува во 21:00 часот на Ракометното игралиште во Битола, а вратите за посетителите ќе бидат отворени во 19:00 часот.

Билетите се продаваат по рекламна цена од само 250 денари во:

-Битола: кафе „Јагода“, кафе „Интермецо“, кафе „Порта Џез“, „Пајтон“ и „Камарите“

-Прилеп: ТА „Бран“, пицерија „Леоне“ и „Тобако плус“

-Ресен: Кафе бар „Голд“ и

– Online и на сите продажни места на KupiKartiZaSe

Цена на влез 300 денари

GOLD
To Top