Новости

Битола инфо

(Видео) И покрај силниот дожд со огномет свечено отворен Малиот битолски монмартр

Вечерва во Старата битолска чаршија, пред платото на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, свечено беше отворено 38-то издание на Малиот битолски монмартр. Како и секоја година, отворањето беше со огномет и покрај силниот дожд кој ја зафати Битола вечерва.

Од утре Битола ќе биде отворено ателје за сите учесници на оваа манифестација кои творејќи низ улиците на градот, ќе ги овековечат знаменитостите на Битола.

GOLD
To Top