Новости

Битола инфо

(Видео) На 23 мај започнува 38.издание на Малиот битолски монмартр

Се е подготвено за да започне 38. издание на меѓународната детска манифестација „Мал битолски монмартр“ која ќе се одржи во Битола од 23 до 30 мај. Пристигнати се 15.771 цртежи од 337 училишта од 35 земји ширум светот, а бројот на пристигнати дела го потврдува постоењето на оваа манифестација за која постои голем интерес и атрактивност.

Потврдено е учеството на 20екипи со околу 100 учесници кои освен во Битола ќе творат неколку дена и во Охрид. Свеченото отворање на 38. „Мал битолски монмартр“ е на 23 мај во 21 часот во Старата битолска чаршија.

Коста Хаџи Антоновски, раководител на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ вели дека фестивалот ќе се организира и покрај недостатокот на финансиски средства.

 

Евротип
SNBROKER
To Top