(Видео) Протест во Битола против законот за јазици

Протест против усвојувањето на Законот за употреба на јазиците денеска беше одржан и во Битола. Точно напладне битолчани на Магнолија го искажаа својот револт против донесувањето на законот за јазици.
-Сега треба да му дадеме огромна поддршка и да го охрабриме нашиот претседател да не го потпишува указот за овој закон. Овој закон никогаш да не го виде светлото на денот. Овој закон според нас е неуставен и не треба никогаш да биде спроведен, изјави еден од организаторите.
На протестот беше присутен и митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
